Репрезентативецот на Унгарија и член на Елверум, Доминик Мате, го очекува долга пауза од околу една година поради повредата која ја доби на натпреварот во рамките од 11. коло од Лигата на шампионите против екипата на Кил.
Според официјалните податоци од клупската страна на Елверум, десниот бек има тешка повреда на левото колено. Тој веднаш после натпреварот бил пренесен во најблиската болница во Елверум.
Направените анализи покажале дека е неопходна брза операција на левото колено. Операцијата ќе биде направена следната недела односно в четврток во Универзитетската болница во Осло.
Мате на натпреварот против Кил, во кој неговиот тим беше поразен со 31:30, беше стрелец на два погодоци од четири обиди. Во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите на вкупно 11 натпревари постигна 55 погодоци.
Унгарецот од следната сезона требаше да се приклучи во редовите на ПСЖ, но поради добиената повреда, неговиот деби настап во богатиот клуб од Париз се очекува да биде во првите месеци од 2023 година.
Шампионот на Норвешка на 9 март ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“ кај екипата на Вардар во натпревар од последното коло од групната фаза од ЛШ. Според ситуацијата во Групата А, двете екипи имаат еднакви шанси за пласман во осминафиналето во најквалитетното натпреварување.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛA