Екс тренер на Пелистер си замина од Црвена Ѕвезда

Искусниот стратег и екс тренер на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ одлучи да ја напушти клупата на Црвена Ѕвезда, која во изминатата сезона заврши дури на 7. позиција во најквалитетното натпреварување во Србија.

Иако двете страни имаа договорено соработка на две сезони, сепак, поранешниот црногорскиот репрезентативец си заминува од клубот поради финансиски причини, пренесува „Балкан Хендбол“.

Црвена Ѕвезда во изминатата сезона имаше многу турбуленции предизвикани од финансиски проблеми, така што амбициозниот тим не успеа да ги оствари зацртаните цели и целосно потфрли.

Се уште не е познато со каков играчки кадар ќе располага Црвена Ѕвезда за следната натпреварувачка сезона.

Клубот го напушти левото крило Урош Симиќ и средниот бек Мирко Ѓуровиќ. Симиќ потпиша за Металопластика, додека Ѓуровиќ се сели во Шпанија, поточно во Бенидорм.