Екс тренер на ЖРК Вардар ќе води машка екипа

Поранешниот консултант во стручниот штаб на ЖРК Вардар, Јан Питлик, го напушти тимот на Оденсе по три години и ќе има нов предизвик во кариерата.

Данскиот стратег по подолго време се враќа во машкиот ракомет и ќе биде предводник на амбициозниот тим Сондерјиске, за кој потпиша и легендарниот Томас Могенсен.

Питлик досега ги има водено машките тимови на Есбјерг и ГОГ од 1995 до 1998, а сите други ангажмани му биле во женски клубови.

Работеше во ГОГ Гудме, беше селектор на данската репрезентација, а по заминувањето од ЖРК Вардар се врати во татковината и го презема Оденсе.

Иако овој тим обезбеди место во Лигата на шампионите, сепак тоа не беше доволен предизвик за Питлик и реши да се пресели во Сондерјиске.