Поранешниот стратег и спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров, неславно ја заврши својата авантура како тренер на Ростов Дон.
Кокшаров дојде во Ростов Дон во текот на месец јули минатата година, но очигледно не успеа да се снајде во женскиот ракомет.
Ростов Дон не успеа да победи за првпат на дури пет меча на домашен терен во рускиот шампионат во последните 14 сезони и сега заостанува дури 15 бода зад ЦСКА Москва на втората позиција на табелата.
На негово место во Ростов Дон дојде Александар Буримистров, а во стручниот штаб останува некогашната членка на Кометал Ѓорче Петров, Татјана Бережњак.
Кокшаров претходно беше селектор на Русија, која ја водеше на Светското првенство во 2019 година во Германија и Данска.