Екипата на Рапид Букурешт, која го загуби дерби дуелот против градскиот ривал ЧСМ Букурешт, а пред неколку дена беше поразена во Лигата на шампионите од Есбјерг, одлучи да ја прекине соработката со тренерот Ким Расмусен.
Екс стратегот на ЖРК Вардар, кој во романскиот гигант пристигна во текот на месец март, односно пред осминафиналето на Рапид Букурешт со Крим Меркатор, ќе си бара нов ангажман.
Освен со Ким Расмусен, соработката е прекината и со неговиот довчерашен асистент и негов сонародник Олсен Бо Рудгард. Иако од Рапид Букурешт тврдат дека договорот е раскинат спогодбено, романските медиуми јасно ставија до знаење дека четирите порази на шест меча од стартот на сезоната се причина за прекинот на соработката.
Романскиот вицепрвак во следниот период ќе биде предводен од шпанскиот стратег Давид Гинеста. Шпанецот беше дел од стручниот штаб на Рапод Букурешт и тој ќе биде главен тренер на тимот во иднина.
Рапид Букурешт освен двата порази оваа недела, беше изненаден на стартот од романскиот шампионат и доживеа пораз од Корона Брашов, а загуби и во Супер Купот од ЧСМ Букурешт.