Поранешниот тренер на Нант, Тиери Анти нема да остане долго на клупата на Спортинг и тој би требало да се врати во текот на летото во 2021 година во Франција каде што одново ќе има можност да предводи клуб во најсилната лига.
Веќе е договорено, Анти да го преземе водењето на Екс ан Прованс. Во овој клуб ќе има двојна улога. Покрај тоа што ќе биде тренер, ќе биде и генерален менаџер така што ќе има голема улога и во ангажирањето на ракометарите.
„Оваа одлука е одлична бидејќи Анти е тренер кој одговара на амбициите кои ние ги имаме како клуб. Ќе има двојна функција, а ќе одлучува и за младинскиот тим. Покрај тоа во делот за младинскиот тим ќе го имаме и Жером Фернандез, кој е легенда на ракометот во Франција. Затоа ќе го искористиме и како амбасадор на нашиот клуб“, велат од Екс ан Прованс.
Анти доаѓа во јуни во 2021 година, а со новиот клуб веќе потпиша тригодишна соработка.