И покрај лошите резултати во предквалификациите за Европското првенство 2024, поранешниот репрезентативец на Србија, Давор Чутура, останува на кормилото на машката сениорска репрезентација на Летонија.
43-годишниот Чутура селекторската функција во Летонија ја презеде на почетокот на минатата година и тогаш потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот.
Ракометната федерација на Летонија одлучи да ја продолжи соработката и да му даде целосна доверба на некогашниот српски репрезентативец.
Чутура на клупско ниво го предводи поранешниот шампион на Италија, Бриксен, додека во својата играчка кариера го носеше дресот на Ваљадолд, Бенфика, Ал Џезеира, Ал Сад, Ал Ахли, Лимож, играше и во Битола за тогашниот Еурофарм Работник…