Поранешниот десен бек на битолски Пелистер, Михајло Митиќ, по две сезони во шпанскиот Кањас, заминува во друг клуб.
Тој во иднина ќе настапува за составот на Пуенте Хенил, каде мината сезона играше екс членот на Еурофарм Работник, Серхио Барош.
Српскиот десен бек Митиќ беше меѓу најдобрите во битолскиот клуб кога Стевче Алушовски беше на клупата, но по само една сезона си замина од Македонија.
Пред да дојде во Пелистер, Митиќ настапуваше за српскиот Железничар Ниш и чешкиот Талент Плзен.