Левото крило Серхио Барош, кој настапуваше за Еурофарм Пелистер во времето кога битолскиот тим ја имаше додавката Работник, ќе има нов клуб во следната сезона.
Тој беше член на „фармацевтите“ во сезоната 2016/17 и остави одличен впечаток, но по една година замина во туската Бурса Нилуфер.
Потоа две години играше во Асобал лигата во тимот на Пуенте Хенил, но овој тим се откажа од услугите на шестмина ракометари, меѓу кои и Барош, поради финансиските проблеми.
Барош е член и на португалската репрезентација со која настапи на Европското првенство на почетокот на годината.
Заедно со него од Пуенте Хенил си замина уште еден Португалец, Нуњо Гонсалвес.