Поранешниот ракометар на Еурофарм Работник, Никола Ивановиќ доби отказ од Партизан.
Откако Ненад Максиќ си поднесе оставка од местото тренер после куп натпреварот челниците на Партизан соопштија дека Никола Ивановиќ заедно Алекса Максиќ не се повеќе дел од црно-белите.
Пред почетокот на сезоната Партизан беше под голем притисок. Се надеваа дека имаат шанса да се заканат на Војводина и да дојдат до титулата. Сега такво нешто е скоро невмозможно и прашање е дали Партизан воопшто ќе избори настап во Европа и СЕХА.
На почетокот изгледаа одлично. Во ростерот имаа неколку искусни играчи, но и млади кои даваа солиден допринос. Се почна да се руши кога дојде плеј-офот. Таму играчите изгледаа како да „изгореа“ под големиот притисок.
Цената на лошите резултати ја плати и поранешниот пелистерец Никола Ивановиќ кој дресот на Еурофарм Работник го носеше во сезоната 2018/2019.