Екс ракометар на Еурофарм Пелистер си заминува од Бидасоа

Поранешниот ракометар на Пелистер, Михајло Митиќ, кој во сезона 2017/18 настапуваше за битолскиот клуб, на лето ја завршува својата авантура во Бидасоа Ирун.

Српскиот интернационалец и клубот од Шпанија не се договорија на нова соработка, па така искусниот ракометар ќе има нов клуб во новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Митиќ во Асобал лигата пристигне во сезона 2018/19 кога потпиша со тимот на Моразо.

По две сезони минато во Моразо направи трансфер во амбициозниот Пуенти Хенил, додека во оваа сезона е дел од Бидасоа.

Десниот бек во својата кариера беше дел и од екипите на Плзен од Чешка и некогашниот српски суперлигаш Железничар од Ниш.