Поранешниот српски репрезентативец со големо искуство, десниот бек Александар Стојановиќ во новата сезона ќе остане во редовите на Врање, пишува „Рукометни Журнал“.
Стојановиќ откако ги напушти редовите на Партизан во пролетниот дел од изминатата сезона, го засили тимот на Врање, клуб во кој ја потврди одлична форма, иако има 34 години.
Според „Рукометни Журнал“, раководството на Врање и Стојановиќ успешно ја продолжиле соработката, па така десниот бек, кој во својата кариера го носеше дресот на Вардар и Металург, ќе го продолжи својот претстој во српскиот второлигаш.
Во својата кариера, Стојановиќ настапуваше и за екипите на Јагодина, Кадетен Шафхаузен, Целје, Копер, Анталија, Железничар Ниш и Партизан.
За репрезентацијата на Србија настапи на Светското првенство во 2009 година, кое беше одржано во Хрватска, како и на Европското првенство во Австрија (2010).