Светлана Пасичник е Украинка, меѓутоа долги години го носеше дресот на репрезентацијата на Хрватска, а два пати беше најдобра ракометарка во оваа земја.
Сега Пасичник е дома во Украина кој е под воена операција од Русија. За хрватскиот „24сата“ таа раскажа низ колку тежок период поминува нејзината татковина, покрај тоа порача дека е спремна да застане во одбрана на својата земја.
„Путин не сака ниту да преговара, а очекуваше веројатно дека лесно ќе ја освои Украина и дека ќе се предадеме. Не, Украина никогаш нема да го направи тоа. Спремна сум и јас со пушка во раце да застанам во одбрана“.
Открива дека се прислушкувани.
„Не прислушкуваат и не следат, ни кажаа да не користиме социјални мрежи како Инстаграм, Фејсбук и Ват сап. Ништо повеќе не е сигурно“, изјави Пасичник.
Во кариерата во Хрватска таа настапуваше за ЖРК Звечево, а потоа продолжи во Подравка. За најдобра ракометарка во Хрватска беше прогласена во 2005 и 2006 година.