Поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ, која на крајот од сезоната си замина од редовите на Валчеа, по вторпат ја освои наградата за најдобар странски играч во шампионатот на Романија.
Лишчевиќ имаше голема конкуренција, со оглед на тоа дека во Романија настапуваат познати ракометни имиња од тимот на Аманда Куртовиќ, Јелена Грубишиќ, Сираба Дембеле…..
Ракометарката од Србија и во минатата сезона беше прогласена за најдобар странски играч во Романија. Екс ракометарката на Металург во дресот на Валчеа мина три сезони, а во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик.
Ракометарката на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу, ја доби наградата за најдобар играч за сезона 2021/22, додека Кристина Ласло од Баја Маре беше избрана за најдобар домашен играч. Трите ракометарки беа избрани со гласовите на тренерите од сите екипи кои учествуваа во овогодинешната сезона во една од најсилните лиги на светот.