Екс ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ, која во дресот на поранешниот македонски шампион настапуваше пет сезони, од 2012/13 до 2017/18, оствари право на доживотен месечен финансиски надоместок, на основа на статусот спортист со врвен резултат.
Министерот за спорт и млади на Црна Гора, Василије Лалошевиќ, кој организираше прием за Радичевиќ во својот кабинет, истакна дека државата преку овој вид на надомест им покажува благодарност на најдобри црногорски спортисти за постигнатите резултати на најважните меѓународни натпревари.
Радичевиќ со репрезентацијата на Црна Гора во 2012 година го оствари најголемиот успех, сребрен медал на Олимписките игри во Лондон и златен медал на Европското првенство во Србија.
Поранешната членка на „црвено-црните“, моментално, настапува за актуелниот шампион на Турција, Кастамону. Радичевиќ во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик, ќе го носи дресот на словенечкиот шампион, Крим Меркатор.