Екипата на Чурго, која се натпреварува во најсилната лига на Унгарија доби засилување и во стручниот штаб, откако претходно доби и на засилување и на искуство на пивотменската линија во поранешниот играч на Вардар, Алем Тоскиќ.
Поранешниот репрезентативец на Србија ја прифатил понудата да работи во стручниот штаб на новиот тренер Норберт Барани, па тој засега ќе биде негов помошник. Постои голема веројатност дека после завршувањето на кариерата ќе може да се нафати и на тренерската работа, па ова е вовед во она што ќе следува.
Тоскиќ е задоволен што добива шанса да работи и како тренер во клубот бидејќи на тој начин може да види дека раководството верува во него. Веќе има 37 години и е на залезот од кариерата, па оттаму ова е убав предизвик за него.
Инаку, на првиот меч како тренер-играч, Тоскиќ со соиграчите забележа победа од 29:23 против составот на Ваци. После пет одиграни натпревари клубот е на 7. позиција.