Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Србија, Вукашин Ракоција, е најновото засилување за тимот на Струга.
Станува збор за 24-годишен лев бек, што одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција, а доаѓа да помогне во Струга во борбата за плеј-офот. Веќе дебитираше на средбата со КЛ7.
Ракоција доаѓа од босанскиот првак Борац каде што играше минатата сезона, а има искуство од шпанскиот Грањолерс.
Во Асобал лигата играше две сезони и со Грањолерс беа дел од Купот на ЕХФ. Претходно настапуваше за српските Војводина и Спартак Суботица.
Со Ракоција, како и искусните Николиќ и Димитриески, младиот Лакичевиќ, Струга има солидна бековска линија и останува кандидат за место во плеј-офот.