Екс македонскиот и црногорски репрезентативец се врати дома

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, а сениорски на Црна Гора – Марко Симовиќ, се врати дома.

По 18 години играње во други клубови, тој следната сезона би требало да ја игра во матичниот клуб Будванска Ривиера, пишува „МНЕ Рукомет“.

Десниот бек играше за Будуќност до 2002 година, а во 2005 година дојде во Вардар и настапи за Македонија на младинското СП 2007 година.

Со Вардар освои неколку трофеи на домашна сцена, а потоа настапуваше за катаскиот Ал Ахли, либанскиот Ал Сад, Анкараспор, романските ЧСМ Букурешт и Темишвар, српската Војводина.

Лани потпиша за Ловќен, но не играше многу поради повредата на рамото, а сега ќе се обиде да има убав крај на играчката кариера во матичниот клуб, каде планира почеток и на тренерска.