Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, која веќе неколку години е во врвот на ИХФ, Романката Нарциса Лекушану има големи планови за во иднина. Таа покрај тоа што планира одново да се кандидира за Извршниот комитет на ИХФ, планира да влезе во трка за претседателската функција во Ракометната федерација на Романија.
„Повторно се кандидрам за Извршниот комитет на ИХФ. Засега сакам да ја завршам оваа етапа и размислувам само за Конгресот кој доаѓа на 6 ноември. Сакам да завршам со ова и не сакам да ја мешам кандидатурата во ИХФ со трката за претседателското место во Ракометната федерација на Романија. После Конгресот ќе излезам во јавноста бидејќи гледам дека сите очекуваат такво нешто ов мене. Добивам многу повици, времето е доволно, но проблемот е пшто секоја треба да одлучи како сака ракометот во Романија да оди напред“, коментираше Лекушану за Радио Спорт Тотал.
Доколку одлучи да биде во трка за Ракометната федерација на Романија тогаш ќе биде во трка со актуелниот претседател Александру Деду и со поранешниот меѓународен судија, а сега делегат Константин Дин.