Тренерот на Иштад од Шведска, Оскар Карлен, би можел да биде новиот тренер на некогашниот европски шампион Фленсбург, пренесува „RTH Handball“.
Раководството на бундеслигашот е во потрага по нов тренер, откако клубот се раздели со Мајк Махула.
Иако Махула имаше договор до 2026 година, сепак, елиминацијата во полуфиналето на Купот на Германија, како и европската елиминација од Гранољерс, беа причина двете страни порано да ја завршат соработката.
Карлен го предводи Иштад од 2019 година и со шведскиот клуб сезонава стигна до осминафинале во Лига на Европа.
Швеѓанецот како играч има настапувано во Фленсбург, но и во екипата на Хамбург, и доволно ја познава Бундес лигата.