Репрезентативецот на Грузија, кој го има носено дресот на Прилеп и на Пелистер, Теимураз Орјоникидзе ја продолжува својата кариера во редовите на ЧСМ Решица од Романија.
Тој во последната сезона настапуваше во Унгарија во тимот на Ференцварош, но после една сезона одлучи да замине.
„Задоволен сум поради тоа што се договорив со екипата на Решица. Се одлучив за овој тим иако имав неколку понуди бидејќи верувам дека овој тим може да постигне одлични резултати. Што се однесува до мене ќе го дадам максимумот на теренот за мојот нов тим и верувам дека и навивачите ќе придонесат да бидеме уште подобри“, вели Орјоникидзе.
Постоеја информации дека би можел да се врати во Македонија, но на крајот тој се реши за тимот на ЧСМ Решица.