Екипата на Тор каде што тренер е Стевче Алушовски, а игра и Томислав Јагуриновски дојде до победа од 29:24 против Берсеркир.
Со оваа победа тимот на Тор продолжува со одличните игри и чекори кон плеј-оф за пласман во најсилната лига на Исланд.
Тимот доби и засилување во поранешен ракометар на Охрид. Хрватот Јосип Кежиќ кој го носеше дресот на Охрид во сезоната 2017/18. Средниот бек од Хрватска е засилување за составот на Тор и дебитираше на првиот натпревар после паузата.
Кежиќ постигна само еден гол, но поголем дел од задачата ја заврши со организирање на другите бекови. Добра работа заврши и во одбраната така што ќе биде добро засилување.
Инаку, на оваа средба не играше Томислав Јагуриновски, кој мораше да одработи една средба суспензија после црвениот картон во претходното коло.
Следниот натпревар е на 5 февруари против екипата на Афтурелдинг.