Членот на Асобал лигата, Синфин Сантандер донесе ново засилување со цел на крајот на сезонаата да заврши на што подобра позиција и да избегне испаѓање од лигата.
Офиијалната веб страна на клубот обајви дека во преостанатиот дел од сезоната, Синфин ќе биде засилен со 23 годишниот Португалец, Гонзало Риберио кој пристигнува до австрискиот Леобен.
Риберио има искуство со играње во Лигата на шампионите додека беше член на Металург и се очекува да пристигне во Синфин на почетокот на наредната недела. Во овој момент клубот во кој настапува и македонскиот интернационалец Дарко Димитиевски се наоѓа на 14. позиција со само два бода побеќе од зоната на испаѓање.
Освен за Леобен и Металург, Риберио има настапувано во својата кариера уште и за Бенфика и француски Понто Комбо.