Екс играч на Металург и Пелистер со 10 гола ја предводеше Татабања до нов домашен триумф

779

Репрезентативецот на Унгарија, Петар Топиќ, кој беше нарекуван „новиот Игор Вори“, и кој своевремено играше за Металург и Пелистер, со 10 гола ја предводеше Татабања до триумф против Будакалаш, тим во кој настапува голманот од Македонија, Даниел Ѓорѓески.

Татабања продолжи со победничката серија во шампионатот на Унгарија и во рамки од 7. коло беше подобра од Будакалаш со пет гола разлика, 29:24 (15:15) и со новите освоени бодови ја зачува првата позиција на табелата.

Во тимот на Татабања настапуваат уште Јосип Периќ, Немања Обрадовиќ, Матео Мараш и Мартон Секељ, кои исто така го носеа дресот на Еурофарм Пелистер.

Периќ беше втор стрелец во натпреварот против Будакалаш, постигна пет погодоци, додека Мараш имаше една реализација.