Екс играч на Куманово се пресели во БиХ

Довчерашниот член на суперлигашот Куманово, Никола Бечејац, во новата натпреварувачка сезона ќе настапува во БиХ.

Искусниот ракометар се договори на соработка со Вишеград и сигурно ќе претставува големо засилување за амбициозниот тим, кој посакува влез во најквалитетното босанско натпреварување.

Бечејац во својата интернационална кариера има настапувано во БиХ, беше дел од екипите на Искра Бугојно и Босна Високо.

Кружниот напаѓач во вториот дел од минатата сезона ги засили редовите на Куманово и беше меѓу најдобрите стрелци во кумановскиот тим.

На интернационално ниво беше дел и од екипите на Нортхајмер од Германија и Хапоел Кирјат Оно од Израел, додека во својата татковина го носеше дресот на Пролетер Зрењанин, Југовиќ Каќ и Рудар Костолац.

Вишеград за новата сезона го ангажираше и младинскиот репрезентативец на Црна Гора, Игор Мрваљевиќ.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.