Грчкиот суперлигаш Диомидис Аргус за престојната сезона успеа да го задржи Французинот, Малик Хогас, кој е поранешен ракометар на Охрид. Раководството на Диомидис Аргус беше задоволно од настапите на десното крило така што му понуди да го продолжат договорот.
Хогас пристигна во редовите на Диомидис Аргус во претходната сезона од редовите на АЕК, кој во минатата сезона стана шампион на Грција. Инаку, Хогас настапува во шампионатот на Грција од сезоната 2017/2018.
Во екипата на Диомидис Аргус нов ракометар ќе биде и екс играчот од Тинекс Пролет, Ѓуро Мујиќ. Со левиот бек, кој настапува за репрезентацијата на Грција со екипата на Диомидис во новата сезона повторно ќе атакуваат на позиции од горниот дел на табелата.