Поранешниот ракометар на Вардар, Васко Шеваљевиќ, како и екс членот на Работнички и Металург, Вања Илиќ, беа избрани во најдобрата постава во рамките од 5. коло од најквалитетната лига во Франција.
Шеваљевиќ со своите 12 гола во дресот на Саран Луаре против Сент Рафаел беше најзаслужен за победата од 28:25. Освен шутерското издание, Шеваљевиќ подели и неколку асистенции кон своите колеги. Тоа беше доволно да биде избран за најдобар лев бек на петтото коло.
Левото крило на репрезентацијата на Србија, Вања Илиќ, продолжува со своите одлични настапи во Франција. Неговиот тим, Шарт беше подобар од Шамбери со 25:24. Илиќ на овој натпревар беше најефикасен во својот тим со седум гола од исто толку обиди.
Минатата сезона, Илиќ во Франција беше прогласен за најдобар ракометар на месец март.