Репрезентативецот на Египет, Карим Хендави, ќе има нов предизвик во својата кариера, откако одлучи да го напушти амбициозниот тим на Замалек.
Хендави, кој во својата интернационална кариера бранеше и за македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, потпиша договор со Ал Сафа од Саудиска Арабија.
Двете страни се договорија на соработка, со важност од една година. Искусниот голман освен за Замалек и Еурофарм Пелистер, настапуваше и за Доброгеа Суд (Романија) и Бешикташ (Турција).
Клубот од Саудиска Арабија во новата сезона ќе биде предводен од искусниот стратег Ларс Фредериксен.