Екс голманка на Вардар има нов клуб, се враќа во Франција!

Поранешната голманка на Вардар, Амандин Лејно, која ја игра својата последна сезона во кариерата, одлучи по завршувањето на договорот со Ѓер да се врати во Франција, односно во нејзиниот матичен клуб, Бур де Пеж, каде што ќе биде тренер на голманите.

Бург де Пеж пред извесен период имаше финансиски проблеми, односно долг од околу 400-500 илјади евра, но раководството на клубот успеа да избегне банкрот и да ја подобри финансиската ситуација.

Ангажирањето на Лејно доволно говори дека ситуацијата во клубот е сосема стабилна. Искусната голманка последните две сезони во Ѓер ги мина како играч и како тренер на голманите.

Лејно во најголемиот дел од својата кариера го бранеше голот на француски Мец. Една сезона беше дел од Валчеа, додека во Вардар одигра пет сезони. Во последните четири сезони е дел од унгарски Ѓер.