Поранешната ракометарка на Вардар, Камила Херем, пред само три недели се породи со второто дете, а минатиот викенд се врати на терените.
Tаа заигра во дресот на Сола на мечот со Сторхамар од норвешкиот шампионат, кој го доби нејзиниот тим со 34-31.
36-годишната ракометарка замина на породилно отсуство во декември минатата година, се породи на 5 март и по дваесетина дена се врати на теренот. Левото крило играше 12 минути на првиот меч по камбекот.
„Јас го сакам тоа со што се занимавам, дури и за време на бременоста тренирав. Телото се чувствува одлично, јас сум задоволна со мојата состојба. Најважно е да се слушате себе и своето тело. Во следните неколку недели ќе го зголемам интензитет на тренинзите, за да влезам во форма за плеј-офот“, вели Херем.
Во 2018 година, Херем стана мајка на Тео, а второто дете е женско и заедно со нејзиниот сопруг и тренер Стефан Стегавик и го дадоа името Ноем.