Некогашното лево крило на Вардар, Тамара Мавсар, од следна сезона одново ќе го облече дресот на словенечкиот првак Крим.
Мавсар, заедно со нејзиниот сопруг Урош Брегар, во моментов е дел од унгарскиот Шиофок, но овој клуб од следната сезона ќе игра со домашен кадар, па сите странци заминуваат.
Таа потекнува од Крим, дресот на Вардар го носеше една сезона, 2016/2017, а сега одново една сезона игра за друг клуб, по што ќе се врати дома.
Во словенечкиот првак доаѓаат и Итана Грбиќ од Брест Бретањ, Нина Жулиќ од Глорија Бистрица и Маја Војновиќ од Сен Аман.
Договорот со Крим го продолжија уште две поранешни вардарки, Барбара Лазовиќ и Јованка Радичевиќ.