Екс вардарка го однесе Кастамону во групите од Лигата на Европа

Турскиот првак Кастамону успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа откако славеше над унгарскиот Дебрецин со 31-30.

Поради коронавирусот во Дебрецин, беше одлучено да се игра само еден двобој на теренот на турскиот тим и тој заврши со минимален триумф за домашните.

Најдобра ракометарка во тимот што е предводен од Хеле Томсен, беше некогашната вардарка Алена Ихнева, која даде осум погодоци.

Ихнева беше стрелец и на победничкиот погодок на триесетина секунди до крајот. Во составот на Дебрецин најефикасна беше Ана Ковач со 12 погодоци.