Откако ја раскина врската со македонскиот тенисер Томислав Јотовски, руската репрезентативка Полина Кузнецова сега има нова љубов.
Некогашната вардарка, која настапува во рускиот првак Ростов Дон, е во врска со хрватскиот ракометар Мислав Ненадиќ.
Станува збор за десен бек кој има 28 години и во кариерата играше за Некце Нашице, унгарската Татабања, австрискиот Ферлах…
Кузнецова игра одлично на почетокот на оваа сезона и со Ростов веќе ги освои титулите во Купот и Суперкупот на Русија.