Поранешниот десен бек на Вардар, Дмитри Киселев се врати на ракометните терени на дуелот од рускиот шампионат меѓу ЦСКА Москва и Сунгул Снежинск, пишува „Брз Центар“.
ЦСКА Москва едвај го победи аутсајдерот со 29-27, а некогашниот вардарец беше најдобар на теренот со седум голови.
Тој беше суспендиран на три месеци и не смееше да игра официјални натпревари под капата на руската федерација од 8 јуни до 8 септеммври. Киселев падна на допинг тест, а во неговиот примерок имаше присуство на кокаин.
Иако за неговата суспензија беше откриено на почетокот на август, сепак таа почнала од 8 јуни кога падна на допинг тестот, па десниот бек веќе е активен на терените.