Поранешниот ракометар на Вардар, Матјаж Брумен, и на 38 години не размислува за крај на кариерата.
Десното крило потпиша за тимот на Гросист Слован Љубљана, кој е новак во елитната лига на Словенија.
Брумен со своето искуство ќе се обиде да му помогне на младиот тим да обезбеди што подобар пласман во престојната сезона.
Покрај во Вардар, за кој играше од 2013 до 2016 година, Брумен беше дел од Пруле, Целје, Копер, Горење, Нексе, додека последните две сезони ги мина во тимот на Изола.