Некогашниот ракометар на Вардар,Хорхе Македа, кој на теренот е безмилосен кон ривалите, ја покажа својата друга страна.
Шпанецот, кој по две години во ПИК Сегед ќе се пресели во големиот ривал Веспрем, секојдневно објавува дел од специјалитите што сам ги приготвува на социјалните мрежи.
Како што изјави во една прилика, Македа по завршувањето на кариерата планира своите кулинарските способности да ги усоврши и во сопствен ресторан.