Поранешниот член на Вардар, Жереми Тото, ќе дебитира за селекцијата на Франција на последните два меча од квалификациите за ЕП.
Тото по трансферот во Нант игра во одлична форма во Лигата на шампионите и во домашното првенство, па заслужено доби повик од Гијом Жил.
Конкуренција на Тото ќе му бидат соиграчот од Нант, Тео Монар и членот на Монпелје, Карл Конан.
Франција веќе е пласирана на Европското првенство во 2024 година, па Жил се реши за комбиниран состав за последните две средби со Италија и Летонија.