Настапот на некогашниот голман на Вардар и српски репрезентативец, Дејан Милосављев, на претстојното СП е под знак прашалник.
Тој нема да игра на последните натпревари на Фуксе Берлин оваа година, а тоа е поради повредата што ја добил на тренинг.
Поради повредата на лигаментите на стопалото, тој ќе мора да паузира некое време, а бундеслигашот соопшти дека поради тоа неговиот настап на Мундијалот е неизвесен.
Србија на СП ќе настапи во групата Е заедно со Германија, Катар и Алжир, а покрај Милосаваљев, селкторот Херона ги има на располагање Цупара, Бомаштар и Јандриќ на голманската позиција.