Експресно раскинување во Зборнаја – Русија со ВД селектор против Холандија

Репрезентацијата на Русија в петок во битката за 5. место ќе биде предводена од нов селектор откако денеска за вршител на должноста беше поставен, Алексиј Алексеев.

Договорот со Амброш Мартин е веќе раскинат и тоа експресно откако селекцијата на Русија не успеа да избори место во полуфиналето на Европското првенство. Веднаш беше јасно дека ќе дојде до промени и многу брзо се реагираше така што на последниот дуел на ЕП за Русија, Мартин нема да биде на клупата.

Тој беше поствен на селекторската позиција во август во 2019 година откако Трефилов имашеоперација на срцето и мораше да ја напушти функцијата на препорака од докторите.

На првото големо натпреварување минатиот декември на Мундијалот во Јапонија беше освоено 3. место, но сега селекцијата на Русија не успеа на Европското првенство да го одигра најдоброто. До летово поточно до август извршуваше двојна функција и работеше и како селектор и како тренер на Ростов Дон, а потоа се повлече од клубот поради семејството. Сега со ова повеќе нема допирни точки со Русија и во моментов е без ангажман.

Ремито против Франција и поразот од Данска ја чинеа селекцијата на Русија губење на шанса за играње во полуфинале, па затоа Мартин мораше да се раздели со Ракометната федерација на Русија.

На средбата против Холандија негов наследник ќе биде досегашниот помошник, Алекиј Алексеев. Сепак, тој ќе биде селектор само на оваа средба, а после Европското првенство ќе се знае кој ќе биде новиот селектор на Русија и наследник на Мартин.