Во песната и спотот учествуваа навивачи од Скопје, Дојран, Струмица, Куманово, Тетово. Беа најавени навивачи од повеќе градови, но не се појавиле на снимањето поради различни причини. Во видеото се ставени нивни фотографии од ракометните трибини.
Пред почетокот на ракометното ЕП 2022 каде Македонија ќе се појави во континуитет по шести пат во низа, и по рекорден седми пат атмосферата се загрева.. Покрај контролните настапи, сега се промовира и новата навивачка песна наречена „ЕВРОПСКО ОД СОН“.
24РАКОМЕТ го најавува ЕКСКЛУЗИВНО спотот чија идеја беше на познатиот текстописец Огнен Неделковски, заедно со синот Филип и неговата сопруга Соња Алексоска Неделковска.
Огнен Неделковски е еден од најпознатите текстописци во Македонија, автор на бројни хитови на познати пејачаи. Несомнено е дека и „ЕВРОПСКО ОД СОН“ ќе стане преознатлив хит меѓу ракометните навивачи, не само на на ова ЕП, туку и во иднина.
Огнен, Филип и Соња Алексоска Неделковска, се долгогодишни вљубеници во ракометот и редовни навивачи на ракометната репрезентација на Македонија на сите нејзини натпревари во Македонија, но и на големите спортски настани. Секаде со македонското знаме, секаде на трибините, секаде со максимална поддршка за македонскиот ракомет. И така со години, како непосредни сведоци на оставањето на срцето на терен на неколку генерации македонски ракометари.
„Целта на песната „ЕВРОПСКО ОД СОН“ е да ги анимира и мотивира сите чинители во пресрет на Европското првенство во ракомет. Да ја подгрее ракометната еуфорија кај македонските навивачи, да ги мотивира поискусните, но и младите ракометари, да дадат сѐ од себе и да се обидат по којзнае кој пат да ја израдуваат Македонија, да создаде песна-химна која ќе се пее постојано и која ќе биде составен дел од сите настапи на македонската ракометна репрезентација, вели Огнен Неделковски.
„Фудбалерите имаат неколку свои химни, а ракометарите не! А нели ракометот е најуспешниот и најсаканиот спорт во Македонија?! Па, зошто македонскиот ракомет да нема своја Химна?! Сметаме дека токму песната „ЕВРОПСКО ОД СОН“ ќе ја пополни оваа празнина и ќе биде музичко-текстуален поттик пред секој натпревар на македонските ракометни херои, а ќе се пее и при прославувањето на сите идни нивни успеси, дополнува Неделковски.
Замислата на идејните творци на проектот беше песната да ја пеат двајца вокални интерпретатори, вљубеници во ракометот и цел хор од најверните македонски навивачи од цела Македонија. Во спотот беа вклучени инсерти од снимањето во студио на песната од страна на пејачите и на навивачите, но и инсерти од нивното дружење, навивање и веење на македонското знаме. Низ соодветна динамична монтажа се вметнати повеќе незаборавни потези (голови, одбрани, додавања) на македонските ракометни јунаци, од разни натпреварувања.
Во песната и спотот учествуваа навивачи од Скопје, Дојран, Струмица, Куманово, Тетово. Беа најавени навивачи од повеќе градови, но не се појавиле на снимањето поради различни причини. Во видеото се ставени нивни фотографии од ракометните трибини.