Екипите од Франција доминираа, сите се пласираа во Лига на Европа

Во европските купови сите денешни натпрeвари беа реванши и после овие дуели познати се сите патници во следната фаза. Во Лигата на Европа за жени познати се патниците во групната фаза.

Звезда Звенигород беше подобра од шпанската Бера Бера, а најинтересно беше на дуелот Бузау и Нант во кој поуспешна беше француската екипа за еден гол. Групна фаза обезбедија уште и Дунареа Браила на Јована Саздовска, како и екипите од Франција, Флери Лорие и Париз 92.

Во Европскиот куп за мажи се играа само два натпревари. Беса Фамгас го елиминираше претставникот на БиХ, Босна Високо откако триумфираше и навториот натпревар со 32:20. Кипарски Парнасос загуби минимално од Сасари 27:28, но во вкупниот збир е подобар за три гола и оди понатаму.

Најмногу натпревари беа одиграни во женскиот ЕХФ куп, Куманово имаше настап но беше елиминирно од Галичанка. Репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска со Локомотива од Загреб обезбеди следна фаза. Истото го направија и Дајана Јовановска и Марија Николиќ со ПАОК. Понатаму уште се пласираа и Берести, Славија Прага, Гран Канарија, Малага и Елче.

ЛИГА НА ЕВРОПА, ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

Звезда Звенигород – Бера Бера 29:24 (15:11) вкупно 56:51

Бузау – Нант 27:21 (10:7) вкупно 43:44

Виборг – Дунареа Браила 28:32 (14:17) вкупно 52:58

Хор – Флери Лорие 24:28 (11:12) вкупно 50:57

НФХ Ник – Париз 93 26:28 (13:18) вкупно 42:56

ЕВРОПСКИ КУП, МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

Беса Фамгас – Босна Високо 32:20 (20:7) вкупно 68:38

Сасари – Парнасос 28:27 15:12 вкупно 53:56

ЕВРОПСКИ КУП, ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

Локомовтив Загреб – Местрино 35:18 (16:8) вкупно 65:32

Куманово – Галичанка 26:31 (16:15) вкупно 43:64

Истогу – Берести 28:32 (15:16) вкупно 61:62

Каерјенг – Славија Прага 19:25 (10:15) вкупно 40:62

Паок – Кавалиери 36:8 (17:6) вкупно 82:24

Колегио де Гаиа – Гран Канарија 13:30 (6:16) вкупно 29:61

Нојштад – Малага 17:33 (7:18) вкупно 32:64

Гранољерс – Елче 20:34 (14:16) вкупно 42:60