Претстојниот викенд ќе се одигра 13 коло од суперлигашката конкуренција. Две средби се на програмата во петок, а четири во сабота.
Дербито ќе се игра во Бутел, каде домашниот тим ќе се обиде да му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2 за поразот во Битола. Бутелци имаат три порази – два од Вардар и Еурофарм Пелистер, а третиот е од помладите битолчани, па сигурно ќе имаат голем мотив да покажат дека тоа било слаб ден. Нема да им недостига ниту мотив на избраниците на Александар Јовиќ повторно да се вклучат во битката за третото место на табелата.
Охрид по поразот во Кавадарци, нема друга опција освен да победи во езерскиот двобој против Струга ако сака да остане во игра за плеј-оф. Истото го посакува и Металург, кој во Автокоманда го пречекува Прилеп, а избраниците на Иве Марковски ќе се обидат да му се реваншираат на ривалот за поразот во првиот круг.
Вардар, кој не игра според очекувањата во домашното првенство, гостува кај Радовиш, додека залетаниот Тиквеш ќе оди во Битола, каде го чека Еурофарм Пелистер, кој исто така е во одлична форма. Пролет со нов тренер ќе го пречека Скопје и ќе има шанса да се израдува на триумф по долго време.
Суперлига, 13 коло:
03/12, 18:00, Еурофарм Пелистер – Тиквеш
03/12, 19:30, Металург – Прилеп
04/12, 18:00, Пролет – Скопје
04/12, 18:00, Радовиш – Вардар
04/12, 19:00, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2
04/12, 19:00, Охрид – Струга