„Едно име имаме“ ечеше во Хрватска – еве како кадетите ја славеа победата над Унгарија (ВИДЕО)

Кадетската репрезентација на Македонија (ќе) го оствари најголемиот успех во оваа категорија досега во историјата на машкиот ракомет.

Избраниците на Раде Стојановиќ, по триумфот над четвртата европска сила Унгарија со 22-20 обезбедија дуел за 9 место на Мундијалот во Хрватска.

Претходно пред налетите на Македонија паднаа Црна Гора, Грузија и Австрија, а за разлика од сите други кои најмалку еднаш играа со неевропски ривал, ние ја немавме таа „среќа“.

Во првото коло недостигаше малку да се избориме за позитивен резултат против Норвешка, па сега можеби ќе бевме и во ТОП 4 на Мундијалот, но сеедно оваа генерација на Стојановиќ покажа дека има квалитет и дека Македонија има иднина.

Триумфот над Унгарија беше прославен во соблекувалната во Копривница со легендарната песна „Едно име имаме“…

Погледнете како се славеше…

 

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

Македонија ја сруши моќната Унгарија, ќе игра за 9 место на СП!

Галевски беше „непробоен ѕид“ и стана МВП против Унгарија

Последен испит за македонските јунаци – против Чешка за историски пласман!