Европскиот гигант Ѓер денес објави дека репрезентативката на Норвешка, левиот бек Вероника Кристијансен, која е една од главните играчи во унгарскиот вицепрвак, ќе паузира подолг временски период.
Норвежанката, која веќе пет сезони настапува за Ѓер, ја очекува пауза од ракометните терени, бидејќи е бремена.
Ѓер на позицијата лев бек на располагање ги има Ане Мете Хансен и Лине Хаугстед. Не е исклучена можноста раководството на Ѓер да донесе ново засилување за вториот дел од сезоната.
Пред извесен период на терените се врати репрезентативката на Црна Гора, Јелена Деспотовиќ. Црногорката, исто така поради бременост паузираше шест месеци.
Ѓер минатата сезона не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите, откако во финалето беше совладан од Вајперс Кристијансад.