Една од најдобрите ракометарки во репрезентацијата на Холандија, Даник Снелдер, одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера.
Одлуката за нејзиното повлекување од националниот дрес на „лалињата“ го соопшти холандската федерација преку својата страна.
Снелдер беше столбот на одбраната во Холандија и националниот дрес на својата татковина го носеше повеќе од 13 години.
Искусната ракометарка, која настапува за Битигхјам, беше дел од сите големи успеси на Холандија.
Членката на Битигхјам најголемиот успех со Холандија го постигна на Светското првенство 2019 кога беше освоен златниот медал.