Репрезентативецот на Шведска и ракометар на Фленсбург, Хампус Ване остана импресиониран од македонските специјалитети од ресторанот „Македонија“.
Швеѓанецот се пофали на социјалните мрежи за посетата во овој ресторан и уживаше во скара и шопска салата.
„Неверојатно, како и секогаш“, напиша Ване на Инстаграм.
Тој имаше многу обврски и набиена агенда и со шведската репрезентација и со тимот на Фленсбург, па посетата на „Македонија“ сигурно му дојде добро.