Една нејзина минута на теренот го чинела клубот 5.500 евра!

Романскиот сајт „ГСП“, го прогласи трансферот на норвешката репрезентативка Нора Мерк за најлошиот во историјата на ЧСМ Букурешт.

Мерк беше ракометарка што имаше месечна плата од 14.200 евра, втора на списокот со највисока плата по Кристина Неагу.

Таа одигра само 31 минута за ЧСМ Букурешт на дуелот од романскиот Суперкуп против Валчеа и ги скина предните вкрстени лигаменти, па не заигра до крајот на сезоната.

Мерк заработи 170.400 евра за 12 месеци, а кога ќе се подели со бројот на одиграни минути, излегува дека една нејзина минута на теренот ЧСМ Букурешот ја платил околу 5.500 евра!

Таа имаше договор на уште една сезона со романскиот тим, но договорот беше раскинат и десниот бек ќе продолжи да настапува во татковината во дресот на Вајперс Кристијансанд.