Македонскиот шампион Вардар покажа уште еднаш покажа дека никогаш не смее да биде отпишан.
Во луда завршница, „црвено-црниот“ тим најпрво се врати од негатива од шест погодоци, а потоа и на пенали го елиминира Загреб со победа, 30-29.
Честитки за големата победа на вардарци пристигнуваа од сите страни, а на своите некогашни соиграчи им честита и Игор Карачиќ.
„Браво браќа“, напиша хрватскиот ас кој го носи дресот на Киелце.