Романскиот Динамо Букурешт се соочува со сериозни финансиски проблеми што можат да го доведат клубот до банкрот.
Клубот тешко се справува со кризата предизвикана од коронавирусот и нема доволно средства за да ја плати лиценцата за натпреварување во лигата на Романија наредната сезона.
Дел од ракометарите се приклучија на програмата „Само Динамо Букурешт“ која е организирана од фановите за да го спасат клубот, а освен ракометниот клуб исто така и фудбалскиот клуб е во опасност.
За да се спаси клубот потребни се околу 180.000 евра, а откако беше започната кампањата за спас за еден ден навивачите собраа оклу 2.400 евра.
Освен од навивачите официјалните лица од клубот побараа помош и од градските власти во Букурешт.
Тоа е единствениот непоразен клуб во Лигата на шампионите, кој од групите Ц и Д се пласираше во осминафиналето и за ривал го доби ПСЖ, но веројатно ќе биде елиминиран без да се одиграат натпреварите.