Левиот бек од Колумбија, Сантијаго Москера, по две сезони минати во полскиот Вибжеже Гдањск, во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик.
25-годишниот ракометар е најновото засилување во романскиот суперлигаш Политехника Темишвар.
Колумбиецот своевремено една полусезона мина во тогашниот состав на Еурофарм Работник. Дојде во Македонија во сезоната 2016/17, но не се снајде најдобро, но во првата сезона во полскиот шампионат беше меѓу најдобрите стрелци.
Во својата кариера настапуваше и за португалските Маиа Исмаи и Спортинг Хорта, австралискиот Сиднеј со кој играше на Супер Глоуб, шпанскиот Ромо, како и за неговиот матичен клуб од Колумбија, Меделин.
Екипата на Политехника Темишвар сезоната во романскиот шампионат ја заврши на 11. позиција на табелата. Поради лошите остварени резултати мораше да игра во плеј-аут фазата, во која обезбеди опстанок за следната сезона.